| четврток, 6 декември 2018 |

Според прелиминарните резултати: најсилна партијата на Меркел

Демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел на денешните парламентарни избори во Германија освоија 42,8 отсто од гласовите и со тоа станаа најсилната политичка опција во земјата, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето кои ги објави телевизијата АРД.

Според овие неофицијални резултати, досегашните коалициски партнери на Меркел, либералите на шефот на дипломатијата Гидо Вестервеле не успејаа да влезат во Бундестагот, бидејќи добија поддршка од само 4,8 отсто од гласачите и не го поминаа цензусот.

Социјалдемократската партија освои 26 отсто, Зелените осум проценти, а Левицата 8,5 отсто.

Според аналитичарите, најверојатно ќе следува формирање на голема коалиција меѓу демохристијаните и социјалдемократите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top