| четврток, 6 декември 2018 |

Праисториска наколна населба откриена во Дојранското Езеро

Првата наколна населба во Дојранското Езеро е лоцирана кај воениот камп М’рдаја и тука веќе еден месец археолозите со возбуда ги поврзуваат нишките од древнто минато, јавува „Канал 5“. Според Зоран Рујак станува збор за огромно културно и материјално наследство.

Покрај наколната населба кај М’рдаја, археолозите претпоставуваат дека има најмалку уште една наколна населба во Дојранското Езеро и тоа кај селото Николиќ, а нивното постоење било споменато и во списите на таткото на историјата, Херодот.

Археолошкото наоѓалиште кај М’рдаја го открија случајно минатата година, додека се чистело крајбрежјето на воениот камп. Проектот за негово истражување го спроведува струмичкиот музеј, во соработка со музејот од Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top