Вљубениците во пишаниот збор од 15-ти јули ќе можат бесплатно да читаат додека се на градската плажа во Дојран и на располагање ќе им бидат голем број книжевни наслови.
– Туризмот во Дојран од година во година се искачува на повисоко ниво. Инвестирањето во инфраструктурата, средувањето на градските но и приватните плажи, подобрување на сместувачките капацитети се дополнителни причини зошто Дојран е веќе полн и е атрактивна туристичка дестинација ова лето. Со проектот ,,Библиотека на плажа”, Општина Дојран вложува во културата и влијае врз зголемувањето на процентот на читатели кај нас, изјави градоначалникот на Дојран Борче Стамов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.