| четврток, 6 декември 2018 |

Првата жичница на вода во Македонија ќе се гради во Дојран

Скијањето на вода како атрактивна спортска дисциплина пристигнува и во Македонија. Општина Дојран ќе ја збогати туристичката понуда за посетителите преку изградба на првата жичница на вода (Кејбл вејк) во државава, објави „Порта 3“. Со финансиски средства од ИПА повикот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, проектот ќе се реализира со соработка на локалните власти од Дојран и грчката општина Кукуш. Предвидено е жицницата да работи во текот на целата година, а исто така ќе бидат поставени и реквизити во вода.

Кејбл вејк паркот претставува забавен парк, каде посетителите со помош на специјална опрема ќе можат да скијаат на вода. Овој вид спортско – рекреативни паркови веќе е широко распространет во западноевропските земји и САД (само во Германија активно функционираат повеќе од 85 вакви паркови). Проектот за првиот кејбл вејк парк во земјава веќе е одобрен, а неговата изградба ќе следува по подготвувањето на целокупната документација за овој спортско – рекреативен објект, се наведува во соопштението на општина Дојран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top