Владата на Венецуела објави дека привремено ја презема контролата на големите фабрики за тоалетна хартија со надеж дека на тој начин, ќе помогнат да се стави крај на недостигот на овој производ за лични потреби, пренесува АФП.
Привремената мерка во „Манпа” има за цел да провери дали производството на тоалетна хартија, маркетингот и дистрибуцијата се во согласност со државната политика, посочува потпретседателот Хорхе Ареаса на Twitter, кој инаку е оженет за ќерката на починатиот претседател Хуго Чавез.
Ареаса не прецизира колку долго ќе трае оваа мерка. Одлуката е донесена од страна на државната агенција за контрола на цените, која минатата недела беше формирана од претседателот Николас Мадуро. Тој ја продолжува политиката на својот претходник Хуго Чавез за државна контрола над приватниот бизнис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


