| четврток, 6 декември 2018 |

Незадоволни затвореници од Шведска се жалат кај народниот првобранител поради неквалитетна тоалетна хартија

Затвореници во Шведска незадоволни од квалитетот на тоалетната хартија во затворот му се пожалиле на омбудсманот на оваа држава да го реши проблемот.

Како што вели шведската телевизија „СВТ”, во прашање се затвореници од затворот “Салберг”, кој се наоѓа во близина на градот Вастерас.

Освен што е од лош квалитет, тие тврдат дека немаат ниту доволно хартија на располагање. Во жалбата до омбудсманот навеле дека тоалетната хартија е „тврда и неудобна”.

Порано самите и по потреба можеле да си земат тоалетна хартија, додека сега на секој затвореник му следувало по две пакувања неделно.

Затворениците од истиот затвор веќе еднаш се жалеле претходната година кај Народниот правобранител, дека немаат доволно часови по гитара и цртање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top