Утре се одржуваат најважните европски избори- Ќе се избира германскиот канцелар. Околу 62 милиони државјани со право на глас на најмоќната држава во Европа ќе избираат од над 600 кандидати. Изборите се во време кога Германија доживува економски бум додека остатокот од Европа се препелка на дното.
Експертите велат дека утре сите очи ќе бидат вперени кон Германија, а кулминацијата се очекува кај 18 часот, кога ќе се објават првите резултати од анкетите.
Изборот на Германците е меѓу цврстата рака на демохристијанката Ангела Доротеа Меркел или социјалдемократот Пеер Стајнбрук, кој ветува уште поцврста Германија.
Како и да е, идниот премиер ќе биде родум од Хамбург. И двајцата се родум од овој германски град, но тоа е единственото кое ги поврзува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


