Падна спортски авион на аеродормот Стенковец. Според првичните информации четири лица се повредени. Според податоци од Клиничкиот центар, тие се во добра состојба и немале посериозни повреди.
Авионот бил од типот Цесна 172, со израелски регистарски таблички. Според информациите пилотите биле израелци, гости на аероклубот, па се претпоставува дека причина за падот е непознавање на теренот. условите за летање биле поволни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


