| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Немам купено станови, имам кредит од Шпаркасе банка

Gordana_jankulovska-604x272

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го обвини портпаролот на СДСМ Петре Шилегов дека не ја кажува вистината кога вели дека купила станови од 200 квадрати и наведува дека ниту законски ниту незаконски не заработила 200 000 евра за пет години.

– Сите надлежни институции го потврдија тоа. Немам купено станови од 214 квадратни метри. Имотниот лист го докажува тоа. Не е точно дека немам подигнато долгорочен кредит. Договорот со Шпаркасе банка го потврдува тоа. Државната комисија за спречување на корупција го потврди тоа. Петре Шилегов лаже, се наведува во реакцијата на прес-конференцијата на Шилегов.

Јанкулоска ги повика сите новинари кои, како што се наведува, се сомневаат дека е можно нешто од тоа што го говори портпаролот на СДСМ да биде вистина, во понеделник во 12 часот да направат увид во документите, со што ќе се уверат и лично во клеветите и манипулациите кои во континуитет се пласираат.

– На тужениот за клевета Петре Шилегов, истите ќе му бидат презентирани во текот на судскиот процес, посочува Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top