| четврток, 6 декември 2018 |

Спорот меѓу Македонија и Грција еден од приритетите на САД на Генералното собрание на ОН

belata kuka

На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, САД ќе работат и на прашањата како што е спорот за името меѓу Македонија и Грција, изјави Дин Питман, помошникот државен секретар на САД на брифингот на кој ги претстави
американските приоритети за Генералното собрание, кое почнува следната недела, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Питман одговори на новинарско прашање за тоа дали администрацијата на САД ќе има можност да работи и на ова помало прашање, покрај крупните светски проблеми како војната во Сирија или Арапската пролет.

– Ако погледнеме кој се ќе биде во Њујорк, таму ќе имаме можност да обрнеме внимание и на помалите прашања, покрај поголемите прашања.  Ќе има делегации од секоја земја во светот, најголем дел од функционерите во Стејт Департментот исто така ќе бидат во Њујорк, државниот секретар, помошниците секретари, и ќе има можности да се искористи и тоа за ваквите помали прашања, кое знам дека не е мало прашање, бидејќи да беше мало, досега ќе беше решено, изјави Питман. Тој подоцна на новинарско прашање го стави спорот за името меѓу Македонија и Грција во категоријата на замрзнати конфликти, како територијалниот спор меѓу Ерманија и Азербејџан.

На Генералното собрание во Њујорк од македонска страна предвидено е да присуствуваат претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски, кој пред Генералното собрание ќе се обрати  на 27 септември, и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Грчката делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос. Грчки дипломатски извори најавија дека е можно и грчкиот премиер Андонис Самарас да дојде во Њујорк, иако помина само еден месец по неговата посета на Њујорк и Вашингтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top