| четврток, 6 декември 2018 |

Барса пристигна на ракометен спектакл во Скопје (Фото+Видео)

Ракометарите на Барселона пристигнаа во Скопје, предводени од мега-ѕвездите Кирил Лазаров, Никола Карабатиќ, Арпад Штербик, Рутенка, Томас, Нодесбо…. Скап тим со богата традиција и многу трофеи во витрините. Ги имаат 8 од Лигата на шампионите, а и годинава се во топ-фаворитите за освојување на вредниот пехар. Буџетот од 6 милиони евра потврдува за каква екипа се работи, една од најдобрите на планетата, со тазе освоен трофеј во „Супер Глоуб“ натпреварувањето.

Kire-Lazarov01

Премиерата во новото издание на елитното европско натпреварување ќе ја имаат утре од 18,15 часот пред скопјани, во натпреварот против македонскиот првак Вардар.

Kire-Lazarov02

Капитенот на нашата репрезентација Кирил Лазаров, овојпат ќе биде на спротивната страна и ќе ја предводи Барса во обидот да се освојат првите бодови во ЛШ. Како и секогаш одвои време за новинарите и трпеливо одговараше на прашањата на седмата сила.

Kire-Lazarov03

 

„Ова е прв натпревар во Лигата на шампионите за мене во дресот на Барселона. Почнувам со меч во Скопје и тоа претставува големо задоволство за мене. Вардар има респектабилен тим, има ногу добри индивидуалци. Не знам колку имаа време да се воиграат. Респект за Вардар,  а нам ни е јасно дека ќе имаме тешка задача. Не бегаме од фаворитската улога, но ќе мора да дадеме максимум за да ја оствариме целта. Ние сме меѓу фаворитите, а сепак е  премногу рано да се калкулира со тоа кој ќе ја освои Лигата на шампионите. Многу врева се крена околу дуелот со брат ми Филип. Тој е капитен на Вардар и ќе биде интересно. Секако нашиот дуел ќе биде позитивна работа за македонската јавност и за нашата репрезентација“, рече Кирил Лазаров.

Барселона на импресивен начин ја почна новата сезона и на двата натпревари во Шпанија постигна дури 85 погодоци, а прими само 41, што ја покажува силата и моќта на овој состав на гигантот од Каталонија.

07 04 05 06 03 02 01

 

 

Пишува: Зоран Поповски

Фото и видео: Игор Ангеловски и Александар Ивановски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top