| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските млади кикбоксери освоија 3 медали на ЕП во Полска

Македонската кадетско-јуниорска репрезентација во кик бокс на еден ден пред крајот има добри резултати на Европското првенство кое се одржува во Круница Здуј, Полска

kik boks

Досега нашите репрезентативци имаат освоено два бронзени медали, како и еден сигурен сребрен медал на Елена Стојчевска во категоријата +70 килограми во фул контакт, кој може и да биде златен доколку слави во денешното финале против Хрватката Хели Цузиќ.
Претходно, Марија Божиновска во +70 килограми (лајт контакт) го освои бронзениот медал, додека Љупчо Коцев во категоријата до 55 килограми (лоу кик) исто така стигна до бронзата со победата над Мартин Гулан од Хрватска со убедливи 3-0. Во битката за пласман во финале загуби од претставникот на Србија, Фазлија Реџепи.
Јовица Ивановски во категоријата до 67 килограми (кик лајт) не успеа да се пласира во битката за медал откако беше поразен од Николас Краус од Полска.
Македонскиот стручен штаб, предводен од судијата и селектор Љупчо Стојчевски, како и тренерите Димче Кичевски и Ѓорѓи Вучков е задоволен од постигнатите резултати на нашите кикбоксери.

Извор: Екипа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top