| четврток, 6 декември 2018 |

Фуриозната Барселона сладок предизвик за Вардар

Барселона е моќна, има екстра-класа ракометари и игра фуриозно на стартот од новата сезона, а за македонскиот шампион Вардар ќе биде сладок предизвик во меч во кој „црвено-црните“ немаат што да загубат. Утре е премиерата во Лигата на шампионите за двата клуба, а ќе играат од 18,15 часот во Скопје во салата „Борис Трајковски“.

„Квалитетно се подготвувавме и не би требало да има големи изненадувања. Барселона е голем клуб со многу трофеи. Имаат неверојатно квалитетни ракометари, голоем дел од нив ин најдобри на планетата. Кирил Лазаров, Карабатиќ, Рутенка се свестка класа. Целта е да одиграме цвртсо и ангажирано во одбрана и рационално во нападот. Не инспирира противник како Барселона. Се надевам дека во добра ракометна престава ќе уживаат и моите играчи и аудиториумот. Ако дадеме макисмум, можеме да се надеваме на добар резулта. Се надевам дека публиката ќе ни биде осмиот играч и ќе не понесе квалитетно да и се спротивставиме на Барселона. Мораме да ги сопреме фуриозните напади на Барса, а за тоа ќе треба да ја намалиме фрекфентноста на нападите на гостите“, изјави Зоран Кастратовиќ, тренерот на Вардар.

Мечот ќе биде интересен и од поинаков аспект, а внимание привлекува и братскиот дуел меѓу Лазарови. Кирил игра за Барселона, а Филип е член на Вардар. Уште еден пар браќа се во двата клуба, но талентираниот Даниел Душебаев е член на младинската Академија на Барселона и нема да допатува во Скопје, за разлика од неговиот брат Алекс, кој ќе биде еден од адутите за евентуален подвиг на Вардар. Тоа ќе биде екстремно тешко, бидејќи Каталонците се апсолутни фаворити, а формата на почетокот на новата сезона им е во нагорен тренд. Во првите два меча во Шпанија, ракометарите на Барселона постигнаа неверојатни 85 гола, а примија само 41 погодок.

„Не треба воопшто да се трошат зборови за гигант каков што е Браселона. Ние сакаме да го презентираме квалитетот и да покажеме дека заслужено сме во Лигата на шампионите. Немаме што да загубиме, само може многу да добиеме. Имаме нов тим и се уште се воигруваме, а секако ќе го дадеме нашиот максимум. Ова е одличен тест за нашите можности“, вели Филип Лазаров.

Со нив на средбата со новинарите пред мечот во ЛШ беше и најновото засилување, голамнот Петар Ангелов. Репрезентативецот на Македонија денеска официјално го потпиша договорот со Вардар, со што се врати во старото јато, во таборот на „црвено-црните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top