| четврток, 6 декември 2018 |

Фајон: Доаѓаме во Скопје со позитивни пораки

Tanja FajonВо понеделник во Македонија се очекува да дојде европратеничката задолжена за визна либерализација на земјите од Западен Балкан, Тања Фајон, заедно со неколку колеги од Европскиот парламент. За МИА словенечката европратеничка вели дека посетата е дел од редовната комуникација меѓу ЕП и македонското Собрание.
– Не доаѓаме во контекст на извештајот на Европската комисија, ниту за Резолуцијата на Европарламентот. Причината е конференцијата на тема „транспарентност” и нема ништо друго на маса за разговор, вели Фајон.
Сепак таа очекува да биде прашана и да разговара со некого од македонските власти во однос на усвоениот механизам од страна на Европарламентот за можно укинување на безвиниот режим на Македонија и останатите на кои Европската унија им ги отвори вратите пред неколку години.
– Изминатиот период, по воведувањето на механизмот за можна привремена суспензија на безвизниот режим, јас пренесов се што треба на македонските власти со цел да се избегне примена на истиот. Сепак, очекувам да разговараме и на оваа тема. Во Македонија доаѓаме да пренесеме позитивни пораки од Брисел, вели Фајон за МИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top