Европратеничката и известувач за визниот режим за Косово Тања Фајон соопшти дека се одлага визната либералзиација за граѓаните на оваа земја.
– Одложено е гласањето за визна либерализација на Косово од 12 јули за 5 септември. Гласањето најмногу зависи од ратификацијата на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора. Жал ми е, но оваа одлука ја донесов бидејќи не е забележан никаков потребен напредок кога се однесува на исполнувањето на последните критериуми, посебно ратификацијата на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора. Искрено очекувам Парламентот на Косово да ја ратификува оваа спогодба колку што е можно побрзо, дури и пред летниот одмор, бидејќи тоа ќе ми овозможи да предложам одлука наесен и ќе обезбедам целосна поддршка во Комитетот за мојот предлог за укинување на визите за Косово – изјави Фајон, пренесува приштинскиот весник „Експрес“.
Таа нагласува дека ќе продолжи со напорите да му помогне на Косово на неговиот пат за слободно движење без визи бидејќи, како што наведува, слободното движење, вклучувајќи и патувања без визи во земјите на шенгенската зона, е тоа што луѓето го заслужуваат, посебно младите.
Министерот за евроинтеграција Беким Чолаку, ваквата одлука ја оцени како очекувана поради неизгласувањето на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора, што било и главен услов за добивање визна либерализација.
– Изјавата на Фајон треба да се земе како последно предупредување дека спогодбата за границата со Црна Гора треба се случи доколку граѓаните на Косово сакаат да патуваат без визи. Тоа е еден јасен експлицитен услов – изјави Чолаку за телевизијата „Клан Косова“.
Тој упати апел до политичарите во земјата да не го држат во заложништво слободното движење на граѓаните, бидејќи нема компромис за прашања што се бараат од Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации