Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека состанокот со лидерите на ЕУ во Брисел е од големо значење и додаде дека „во прашање се недели“ кога ќе се донесе одлука за визна либерализација за жителите на Косово.
– Ние разговаравме со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могрени, за тоа што сме направиле до сега-објасни синоќа Мустафа.
– Ние ги исполнивме сите услови кои ги постави ЕУ за нас во процесот за либерализација на визниот режим, но и за другите процеси за европската интеграција- нагласи Мустафа.
Претседателот на ЕК, Јункер, го поздрави постигнатиот напредок на Косово во врска во процесите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации