Во првото коло од групите Е, Ф, Г и Х од групната фаза во Лигата на шампионите беа одиграни осум натпревари.
Дербито се одигра во Неапол каде домашната екипа на Наполи успеа да ги победи „Милионерите“ од Дортумунд екипата на Борусија со 2-1. Горан Пандев беше актер на овој меч влегувајќи во игра во 78 минута. Тој го замени Гонзало Игуаин кој го постигна првиот гол во 29 минута. Се чини дека клучен момент за овој натправар беше црвениот картон на гостинскиот голман Вајденфелер кој играше со рака надвор од шеснаесетикот во судиското продолжение од првиот полувреме.
Во вториот дел играчот на Наполи постигна прекрасен гол од слободен удар за водство од 2-0. Борусија во финишот на мечот успеаа да го намалат водството на 2-1 со автоголот на Ѕунига.
Во истата група Арсенал гостуваше во Марсеј кај екипата на Олимпик и победи со 2-1 совојувајќи значајни три бода од првото коло.
Сите гола беа постигнати во вториот дел. Арсенал поведе со 2-0 со головите на Волкот во 65 и Рамси во 84 минута, додека французите почесниот погодок го постигнаа во судиското продолжение на натпреварот. Стрелец беше Аје од пенал.
Најголемата сензација во првото коло ја направи екипата на Базел совладувајќи го Челси со Жозе Мурињо со 2-1.
Први во водство дојдоа лондочани преку Оскар во последната минута од првит дел. Екипата на Базел своите два погодици ги постигна во 71 и 81 минута преку Салах и Штрелер.
Во истата група екипата на Шалке рутинирано победи на домашан терен со 3-0 совладувајќи ја екипата на Стеауа. головите за Шалке ги постигнаа Боатенг, Дрекслер и Клеменс. За Стеауа сите 90 минути ги одигра Македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски.
По вчерашниот хек-трик на Роналдо, денес со свои три погодоци одговори Лео Меси во дуелот на Барселона и Ајакс. Конечниот разултат гласи 4-0. Четвртиот гол го постигна Пике.
Во вториот дуел од групата Х, Милан му беше домаќин на Селтик. Екипата од Милано налета на тврд орев и во финишот на мечот успеа да ги освои трите бода со головите на Запата во 82 и Мунтари четири минути подоцна.
Во групата Г Атлетико Мадрид заслужено ги освои трите бода на домашен терен победувајќи го руски Зенит со 3-1. Поведе Атлетико со голот на Миранда а израмни Зенит преку Хулк. До крајот на натпреварот Атлетико даде усте два гола. Стрелци беа Туран и Лео за мирен финиш на натпреварот.
Во последниот натревар од првото коло на денешните натпревари Португалскиот шамион Порто гостуваше во Виена кај екипата на Австрија и победи со минимални 1-0 преку голот на Гонзалес во 55 минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


