Со голот на Вујовиќ во четвртата минута Металург го доби дербито од првите дуели во осминафиналето на националниот Куп на Македонија во фудбал.
Во реваншот тимот од Автокоманда ќе има солидна предност против актуелниот шампион. Најблиску до четвртфиналето е Работнички по триумфот од 4-0 против Новаци, а победи од по 2-0 на домашен терен забележаа и Пелистер со Миравци и Шкендија против Македонија Ѓ.П.
Турново во дербито на Истокот ја совлада Брегалница со 1-0, додека Тетекс и Ренова одиграа нерешено со по два гола во двете мрежи. Напредок е на пат кон четвртфиналето по триумфот од 3-0 во Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.