| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Хари помина 20 часа на температура од – 35 Ц

Британскиот принц Хари помина 20 часа во ладна комора, за што подобро да се подготви за експедицијата на Антартикот на која ќе оди заедно со британските војници ранети во Авганистан.

За време на тренингот, екипата беше тестирана на температура од минус 35 степени, низ симулација на силни ветрови. Хари и група војници ќе учествуваат на 335 километарската хуманитарна трка на Јужниот пол.

Откако излегоа од комората, Хари се нашали дека, најлошиот дел му било тоа кога влегол во неа. Тимот на принцот во тешките услови ќе носи и ранец тежок најмалце 69 килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top