Владата ќе обезбеди стручна помош од странски експерти за унапредување на бизнис климата и подобрување на условите за работење на компаниите,
Според портпаролот Александар Ѓорѓиев, странските експерти кои ќе бидат ангажирани во домашните компании ќе помогнат во зголемување на продуктивноста, ефективноста, ефикасноста, а крајната цел е и зголемување на приходите.
-Денес е објавен јавен повик на кој ќе може да аплицираат сите компании кои ценат дека со ангажман на странски рецепти ќе го подобрат процесот на нивното работење. Огласот ќе трае 45 дена и на него може да аплицираат компании од сите дејности, изјави Ѓорѓиев.
ОД Владата апелираат до компаниите за поголемо искористување на оваа странска помош, бидејќи, советите на странските експерти во голема мера ќе го подобрат работењето на компаниите.
Трошоците за ангажирање на овие експерти во најголем број случаи Владата ќе ги покрие целосно, а во одредени случаи дел од трошоците ќе бидат на товар и на компаниите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


