На распоредот за вечерва се осум натпревара од групите А, Б, Ц и Д, а бидејќи ниту еден од руските тимови не е домаќин, сите натпревари ке почнат во 20:45 часот.
Во групата А, Манчестер Јунајтед го дочекува тимот на Баер Леверкузен, додека на Сан Себастијан силити ќе си ги одмерат Реал Сосиедад и Шахтaр.
Во Б групата, Јувентус како фаворит оди на гости кај ФК Копенхаген, а Герет Бејл и Кристијано Роналдо ќе го предводат Реал на гостувањето кај Галатасарај.
ПСЖ ќе има тежок испит против грчки Олимпијакос, а во вториот дуел од групата Ц, Бенфика ја пречекува екипата на Андерлехт.
Во одбрана на титулата Баерн на домашен терен првиот меч во групата Д ќе го одигра со ЦСКА од Москва, а пак Манчестер Сити оди во Чешка, каде ќе ги чека тимот на Викторија Плзен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)