| четврток, 6 декември 2018 |

Ултрабогатите се борат за власт на море: Абрамовиќ повеќе не е сопственик на најдолгата јахта на светот (видео)

Во светот на ултрабогатите деновиве се водеше војна за превласт на море, а рускиот милијардер Роман Абрамовиќ го извлече поксусиот крај и остана без титулата сопственик на најголемата јахта на светот.

Нафтено-челичниот индустријалец, поранешен гувернер на Чукотка го претрка кралското семејство од Обединетите арапски емирати купувајќи ја јахтата „Азам“, која е подолга 17 метри од онаа на Абрамовиќ.

Градењето на „Азам“ чинело 468 милиони долари, а како што се верува дека трошоците за одржување обично се десет проценти од оваа сума, може да се претпостави колкави ќе бидат годишните трошоци за одржување. Внатрешноста на емиратската јахта со големина од 550 метри квадратни ја дизајнирал францускиот дизајнер Кристоф Леони. Името на сопственикот долго време се чуваше во тајност и само се знаеше дека е Арап. Јахтата има 50 соби, но не и големи надворешни површини, што стручњаците ги натера да помислат дека станува збор за некој од блискиот исток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top