| четврток, 6 декември 2018 |

Се снима филм за Жарко Лаушевиќ

Дебитантскиот филм на режисерката и сценаристка Бранка Бешевиќ Гајиќ за животот на актерот Жарко Лаушевиќ се вика „Лауш“.

– „Лауш“ е филм кој на документаристички начин се занимава со вистински настани и феноменот на личноста на уметникот Жарко Лаушевиќ. Преку нарацијата, играните делови, сеќавања од колеги, пријатели, користење на постоечки архивски материјал и цитирање на одредени делови од книгата „Годината ќе помине, денот никогаш“, која уметникот на напиша во време на најтешкиот дел од својот живот, ја претставуваме неговата судбина и еден документ за времето, се наведува во соопштението на продуцентската куќа „Фикс фокус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top