| четврток, 6 декември 2018 |

ТВ Алфа: Владата нема да предложи нова лидерска средба

Владата нема да покрене иницијатива за нова лидерска средба по трите неуспешни обиди на заедничка маса да се најде излез од политичката криза.

Телевизијата Алфа попладнево цитира владини извори кои што велат дека досегашното однесување на опозицијата покажало дека целта не е да се најде решение за моменталната ситуација туку продлабочување на кризата.

„Изјавите на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски за решавање на проблемот се изјаловија откако социјалдемократите ги игнорираа повиците да се вратат во законодавниот дом и излезот да го најдат во рамки на институциите на системот„ – вели владиниот извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top