Женскиот ракометен клуб Вардар се пласираше во групната фаза од лигата на шампините и со тоа се приклучи на Вардар и Металург како трет тим од Скопје учесник во најпрестижното европско ракометно натпреварување.
Составот на Индира Кастртовиќ ја оправда фаворитската улога на квалификацискиот турнир во Салерно и во финалето ја совлада француската екипа на Флори Луар со 33-25. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме каде по серија од 8-0 „вардарки“ отидоа на одмор со седум голови разлика 18-11. Во вториот дел рутински одиграа и во 47 минута со голот на Лекиќ ја достигнаа максималната разлика од 10 погодоци.
ЖРК Вардар СЦБТ со оваа победа се пласираше во групата Д заедно со екипите на Ларвик (Норвешка), Бера Бера (Шпанија) и Подравка (Хрватска).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.