| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки на чекор до Лигата на шампионите

Vardar rakomet zeni nov tim press  (8) (Custom)

Во полуфиналето од турнирот во Салерно кој се игра за пласман во Лигата на шампионите, ракометрките на Вардар без милост ја совладаа домашната екипа на Салерно со 35-16.

Најпрецизни во екипата на ЖРК Вардар беа Костјукова со 6 и Зебиќ со 5 погодоци.  Во првиот дел вардарки им дозволија на домашните ракометарки да постигнат само четири гола. Сите играчи од составот на Вардар влегоа во игра. Тренерот Кастратовиќ сакаше да ги проба сите пред решавачкиот натпревар утре кој со победа значи и пласман во групите од Лигата на шампионите во ракомет и со тоа градот Скопје ќе добие и трет учесник во ова натпреварување по машките екипи на Вардар и Металург.

Во утрешниот меч кој се игра во 18.30 противник на вардарки ќе биде француската екипа Флери која во второто полуфинале го совлада рускиот тим Дон Ростов со 26-21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top