| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар „се разигруваше“ со Партизан (видео)

ракомет парола 2 Вардар во второто коло од СЕХА-лигата го совлада Партизан со убедливи 33-26. Како што најави, тренерот Зоран Кастратовиќ го искористи натпреварот за воигрување на своите ракометари во пресрет на следниот дуел против Барселона.Домашниот тренер им даде одмор на дел од најдобрите ракометари на „вардарци“, шанса добија дел од оние што почесто време минуваат на клупата, но тоа немаше никакво влијание врз резултатот.

ракомет паролаВардар на полувреме заминаа со предност од 15-10, иако само две минути претходно имаа позитива од 15-8. Партизан добро го почна второто полувреме, се доближи до 15-12, но потоа „вардарци“ го вратија својот ритам и на крајот славеа со седум гола разлика.

Секако натпреварот беше проследен од одлична атмосфера на трибините, на кои можеа да се прочита и ставот на навивачите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top