| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар против Партизан како генерална проба пред спектаклот со Барселона

Ракометниот клуб Вардар е апсолутен фаворит против подмладениот тим на Партизан во меч од СЕХА-лигата, што ќе се игра утре од 17,45 во СРЦ „Кале“. Овој натпревар доаѓа како загревање за македонскиот шампион пред настапот на главната сцена, во Лигата на шампионите, на 21. септември во Скопје против Барселона.

 
„Нема да бегаме од епитетот фаворити на мечот против Партизан. Сепак не смееме да го потцениме противникот, кој минатата сезона играше во  Лигата на шампионите. Очекувам победа, иако и овој меч ќе биде своевидна подготовка за спектаклот против Барселона“, изјави тренерот на Вардар Зоран Кастратовиќ.
 Капитенот Филип Лазаров најави максимално залагање за да се победи Партизан, но сите во Вардар се свесни дека утрешниот меч е само добра подготовка за стартот во Лигата на шампионите и дуелот со дрим-тимот на Барса.
 „Го респектираме Партизан, а за да победиме ќе треба да го презентираме нашиот квалитет на теренот. Без разлика што не очекува натпревар со Барселона и утре треба да бидеме стопроцентно посветени на играта“, вели Филип Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top