Полицијата повеќе нема да ги обезбедува домашните натпревари на екипата на Шалке 04, соопшти министерот за внатрешни работи од покраината Северна Рајна Вестфалија.
Oдлуката ја донеле поради низата критики од клубот упатени кон грубата полициска реакција за време на фудбалскиот меч меѓу екипите на германскиот Шалке и грчкиот ПАОК во квалификациите за Лигата на шампионите.
Причина за да се судрат со навивачите на тимот од Гелзенкирхен беше барањето на делегатот да се отстрани македонското знаме кое оваа група го извади за да ја испровоцира противничката група.
Со употреба на палки и солзавец полицијата се пресмета содомашните симпатизери, а инцидентот настрадаа повеќе од 80 лица.
Управата на клубот ја осуди акцијата и ја нарече непримерна и претерана и побараа објаснување од полицијата.
Наместо објаснување, во Шалке пристигна шокантна одлука, тимот од сега натаму ќе мора сам да си ги обезбедува своите натпревари, со што ќе биде проблематично при организирањето на мечевите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


