Делегатот на натпреварот меѓу Македонија и Шкотска запишал во извештајот дека имало навреди на расна однова од страна на публиката на „Филип втори“ арената, а тие наводно биле насочени кон стрелецот на првиот гол Икечи Анија. Црномурестиот напаѓач на Вотфорд, одигра одлично, беше најзабележителен играч на мечот, што знаеше да го поздрави и публиката. Можно е да имало изолиран случај на навредување, иако сите присутни на стадионот не забележаа никакво масовно скандирање или исвиркување, осоебно не навреди на расна основа. Но, ФИФА и УЕФА, честопати демонстрираат сила на помалите земји и федерации, па така и овојпат против Македонија ќе биде покрената истрага за случајот „Анија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


