Вториот тениски рекет на планетата Рафаел Надал, изјави дека по последниот пораз од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен, нашол начин како да го победи големиот ривал.
Тоа беше последната од седумте едноподруго победи на Ѓоковиќ.
„Успеав да заборавам на се што се случуваше. Играв лошо пред финалето. Пред почетокот на мечот со Новак, седев во соблекувалната и мислев дека немам шанси. Третиот сет беше одлучувачки. Ја сменив стратегијата, станав агресивен и се борев за секое топче. Тогаш почекав да му падне самодовербата. Можам да кажам дека тоа беше еден од најважните порази, бидејќи научив како да го победам Ѓоковиќ“, рече Надал.
Во понеделникот Рафа го совлада Новак во финалето на САД Опен и со тоа ја стопи предноста на првиот тенисер во светот. Сега таа изнесува само 120 бода. Двајцата најдобри тенисери одиграа одличен меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


