Само што влезе во игра, Јован Костовски го израмни резултатот на 1-1 во дуелот меѓу Македонија и Шкотска. Македонскиот напаѓач одлично беше проигран од Горан Пандев и реагираше мудро погодувајќи ја гостинската мрежа. Костовски влезе во игра само три минути пред да го даде голот, на местото на Адис Јаховиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


