| четврток, 6 декември 2018 |

Сеп Блатер: Веројатно погрешивме со Катар

Првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер индиректно призна дека е направена грешка со изборот на Катар за домаќин на светското првенство во фудбал во 2022 година.

Температурите во летниот период во оваа земја се најголем проблем, а фудбалерите и публиката ќе се „печат“ на 50 целзјусови степени. Имаше предлог да се игра во зима, но тоа не им одговара на клубовите пред се во Европа. Ќе се направи хаос со распоредот на натпреварите и во домашните првенства и во евро-куповите.

Втор сериозен проблем е далечината од Европскиот континент, од каде доаѓаат најмногу репрезентации на Мундијалите, а можеби и не смее да се занемари и третиот проблем, строгите закони во Катар, каде е забрането точење алкохол.

„Можно е да  направивме грешка со изборот на Катар за домаќин на Мундијалот. Требаше да ги земеме во предвид и политичката состојба и строгите закони во оваа земја. Сепак и ние Европјаните треба да им дадеме шанса и на другите земји од останатаите континенти да организираат вакво значајно и големо натпреварување. Не се врти светот само околу нас. Фудбалот не е резервиран само за Европа и Јужна Америка, туку се игра на сите делови од земјината топка. Сериозно ќе ја разгледаме можноста за поместување на шампионатот во зимски термин“, изјави Блатер.

Швајцарецот е на заминување од ФИФА, а неговите соработници, одно0сно делегати во светската фудбалска организација на сомнителен начин му ја доделија организацијата на СП на Катар. Се шпекулираше дека одредени членови на ФИФА биле и подмитени, но цврсти докази нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top