Македонскиот селектор Чедомир Јаневски со многу пофални зборови го претстави вечерашниот противник Шкотска, пред вечерашниот меч од квалификациите за СП 2014, што ќе се игра на “Филип втори“ арената во Скопје со почеток од 20,30 часот. Гостите како селектор ги предводи легендарниот Гордон Страхан, поранешен шкотски репрезентативец и член на златната геннерација на Ливерпул, а тој се соочува со многу проблеми. Во составот ќе ги нема стандардните репрезентативци Снодграс, Морисон, Адам и Роудс, од поодамна за „Храбрите срца“ не игра најдобриот напаѓач Стивен Флечер, го нема и Дарен Флечер од Манчестер јунјатед, повреден е и голманот Мек Грегор, што сигурно ќе се почуствува во играта на Шкотите.
„Шкотска е за една класа поквалитетна од Велс. Имаат добра позициска игра, фудбалерите дисциплинирано ги извршуваат задачите и во секој момент знаат што сакаат. Гостите имаат квалитетни фудбалери кои играле во најголемите клубови од Премиер-лигата. За да победиме ќе мора да одигра подобро отколку против Велс. Работевме на подобрување на концентрацијата, освежување на играчите и на анализа на противникот и можам да кажам дека не очекува игра на нерви. Екипата што ќе има повеќе трпеливост ќе има и поголеми шанси за победа“, изјави Јаневски.
Со Шкотите игравме во Глазгов на „Хемпден парк“ во септември лани, н а почетокот на квалификацискиот циклус и ги надигравме домаќините, иако резултатот беше нерешен 1-1. Во реваншот вечерва ќе го нема и стрелецот на голот Милер, кој се прости од настапите за селекцијата на Шкотска.
„Македонија го победи Велс, што е доволна опомена за нас. Реапрезентацијата што ја предводи Горан Пандев има квалитет, а претпоставувам дека ќе играат слично како против Велс. Македонските фудбалери се одлично технички потковани, но на наша среќа мислам дека немаа некој голем избор на клупата, па во зависност од заморот, повредите или казнетите нема да може да играат на посакуваното ниво во текот на целиот натпревар“, изјави Страхан.
Со Шкотска игравме и претходно во квалификацискиот циклус за настап на СП 2010 во Јужна Африка, и забележавме победа во Скопје од 1-0 и пораз во Глазгов од 0-2.
Лоша вест за нас е што нема да игра Агим Ибраими, поради парни жолти картони, а повреден е и Пандев, но капитенот веројатно ќе настапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.