| четврток, 6 декември 2018 |

Владата расправа за трговскиот спор со Косово

vlada-604x272

Владата денеска треба да донесе одлука кои ќе бидат нејзините натамошни чекори за решавање на трговскиот спор со Косово.

– На денешната редовна седница, покрај другото, ќе се разгледа и информацијата на министерот за економија Ваљон Сараќини за тоа што е договорено на вчерашната средба со заменик претседателот на Владата на Косово и министер за трговија и индустрија Мимоза Кусари-Лила и косовскиот министер за финансии Бесим Беќај – изјави за Плусинфо портпаролот на Владата, Мухамед Хоџај.

Вчера и министерот за економија Ваљон Сараќини најави дека на денешната седница ќе ја информира Владата за разговорите во Приштина.

Трговската војна меѓу Македонија и Косово започна на крајот на минатата недела со ембарго од страна на Косово за одредени производи од Македонија.Македонија реагираше со воведување такси за граѓаните на Косово за влез во земјава. Косово потоа воведе целосно ембарго за македонските производи, што беше повод за блокада на граничниот премин од страна на македонските камионџии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top