Литванија ја победи Црна Гора и математички ја остави Македонија во игра за пласман во вториот круг на европското првенство во Словенија. Утре ни треба победа против Летонија со 11 поени разлика и Литванија и Србија да слават против Босна и Херцеговина, односно Црна Гора.
Во таков случај Македонија ќе се провлече во следната фаза, во круг на селекции што ќе имаат по две победи и три порази. Прва би била Литванија со биланс 4-1, како и Србија, а Македонија со ваков расплет би била на третото место последно што води понатаму. Но, тоа се само калкулации, штѕо треба да се остварат на теренот во салата „Подмежакла“.
Македонија ќе игра утре од 14,30 часот со Летонците, а потоа се останатите два меча од последното коло.
Вечерва Литванија по едно продолжение ја победи Црна Гора со 77-70. Во регуларниот дел беше 63-63, а Црногорците се извлекоа со тројката на Рајс на 11 секунди до крај. Во дополнителните 5 минути Литванците беа посвежи ги го добија мечот што за нив значи сигурен пласман во вториот круг.
Во останатите вечерашни мечеви од 21 часот, Хрватска го изненади домаќинот Словенија со победа во уште едно продолжение, а на семафорот на крајот стоеше 76-74 за „коцкестите“. По 40 минути игра беше нерешено, 65-65.
Шведска пропушти шанса да се доближи до пласман понатаму во дуелот со отпишаната Турција и загуби со 74-87. За избраниците на Богдан Тањевиќ тоа беше прв триумф на ЕП во Словенија, но и покрај успехот против Шведска Турција е едно од најголемите разочарувања на шампионатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


