Ракометарките на Вардар забележаа убедлива празнична победа против Металург со 35-26 во меч од Регионалната лига, на паркетот во салата „Автокоманда“. Дрим-тимот на Сергеј Самсоненко ја забележа втората победа во ова натпреварување, а Металург стартуваше со два порази.
За девојките во „црвено-црни“ дресови ова е добра увертира пред најважниот настап годинава на квалификацискиот турнир во Салерно, Италија. На 14. и 15. септември 4 состави ќе се борат за едно место во Лигата на шампионите, а Вардар е фаворит во конкуренција на домаќинот, и на екипите на Ростов и на Флери од Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


