| четврток, 6 декември 2018 |

Гужва на Блаце: Граѓаните на Косово ќе плаќаат 5 евра за влез со автомобил во Македонија

Од ноќеска на полноќ за влез во Македонија со автомобил граѓаните на Косово ќе плаќаат по 5 евра ,а за секој патник во автомобилот се плаќа ат дополнителни 2 евра . За камионите и автобусите ќе се плаќа по 10 евра .На граничните премини по оваа одлука уште од рано утринава има долги колони на возила и камиони  кои чекаат за влез во нашата земја.

“Чекавме еден саат , плативме две евра. Не знам зошто е воведена оваа мерка“ изјави косовски државјанин.

“ Платив две едва до човек, чекам еден саат и тоа е најверојаното проблемот што се чека многу“ изјави косовски државјанин.

Мерката е донесена од македонската влада како одговор на едностраната мерка од косовска страна со која се забранува увоз на десетина македонски производи. Косово пред три дена без најава, разговори и било какви предупредувања ја воведе мерката за забрана за увоз на македонски производи. Наводно причината на Косово е условениот увоз на брашно, иако Македонија мерката ја воведе кон сите земји, согласно домашното и меѓународното право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top