| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери на Словенците им понуди да го користат „Криволак“

talat dzaferi

Развојот на билатералната и регионалната соработка, како и можностите за користење на армискиот полигон „Криволак“ и регионалните центри во Македонија, како Регионалниот центар за односи со јавноста, беа темите на кои разговараа министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери и неговиот словенечки колега, Роман Јакич, на средбата во Република Словенија.

„Министерот Џафери, на средбата укажа на отвореноста на Република Македонија за зацврстување на соработката преку образованието, при што стана збор и за можноста питомци од Словенија да се школуваат на Воената академија во Скопје, а воедно понуден беше и Центарот за обука на пилоти, кој се развива во рамките на Министерството за одбрана. Одличните билатерални односи помеѓу двете земји се потврдени и преку досегашната соработка на полето на одбраната и безбедноста, но и преку принципиелниот став и цврстата поддршка која Република Словенија и ја дава на Република Македонија во напорите за интеграција во евроатлантските структури, НАТО и ЕУ, заклучија министрите Џафери и Јакич“, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top