| четврток, 6 декември 2018 |

БиХ со минимална предност од 29-28 на полувреме против Македонија

Босна и Херцеговина води со 29-28 по првото полувреме против Македонија во салата „Подмежакла“ во Јесенице во првиот меч од четвтото коло во Б групата на ЕП во Словенија. Предноста на противникот е минимална, а можеше да биде поинаку во последниот напад, ако Тодор Гечевски погодеше удар за три поени.

Остануваат за игра уште 20 минути, а натпреварот е мошне израмнет и незивесен. Почнавме одлично и со серија од 7-0 македонските кошаркари ја кренаа на нозе „Фалангата“ која доминира на трибините. Противникотвозврати со уште подолга серија поени и со 10-0 се врати во игра. Најслаба точка кај нас е скокот и тука противникот на надигра. Босанците во првиот дел имаат 7 офанзивни скокови и честопати имаа и втор напад по промашен удар. Тој сегмент треба да се поправи во продолжението, а ниту шутот не ни функционираше најдобро.

Лестер Бо Мекејлеб со 10 поени е најефикасен кај нас, а Илиевски и Антиќ постигнаа по 5 поени. Најмногу поени во првиот дел постигна Мирза Телетовиќ, 12, а добро игра и Нихад Ѓедовиќ со 8 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top