| четврток, 6 декември 2018 |

Нов ракометен дуел Вардар – Металург, денеска играат дамите

Нов ракометен дуел меѓу Вардар и Металург ќе има можност да проследи публиката во Скопје и во Македонија, а овојпат ќе играат женските состави во салата во Автокоманда од 18 часот. Вчера машките екипи ремизираа 28-28, а двата меча меѓу лутите ривали се во рамките на Регионалните лиги.

„Не ми е познат сегашниот состав на Металург, но ние имаме добра екипа и ако влеземе сериозно во овој натпревар, сигурно ќе забележиме и добар резултат. Ова ќе ни биде прв натпревар сезонава со Металург, но мислам дека не би требало да имаме посериозни проблеми“, е изјавата на Јулија Николиќ, за клупскиот сајт на Вардар.

Гостинките се апсолутни фаворитки, но и Металург има солиден состав, па се очекува добар натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top