Ограничувањето на увозот на македонски производи не е добро за двете соседски земји и економии, се разговара за надминување на состојбата, но се разгледуваат и други сценарија и сите опции се отворени, изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.
– Таа мерка не е добра гледајќи и од аспект на функционалност и интерес за двете економии затоа што со неа и економијата на Република Косово ќе претрпи определени негативни последици, пред се граѓаните на Косово. Не е добра ниту пак од еден друг аспект на соседски односи, изјави Ѓорѓиев.
Доколку се земе предвид начинот, постапката, обемот на забраната и отсуството на транспарентни информации коишто би образложиле кои се мотивите за забраната се појавува сериозен сомнеж во нејзината економска и правна оправданост.
– Особено затоа што досега Република Косово нема реагирано, не нема ниту известено дека има забелешки на определени наши одлуки, ниту пак со некои наши постапки Косово трпело сериозна штета, напротив имаме значителна економска соработка помеѓу двете земји, вели Ѓорѓиев.
Институциите на двете земји во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден се во перманентна комуникација со цел да биде надмината оваа ситуација.
– Ние како Влада повикуваме оваа мерка да биде укината и да биде тргната во функција и на двете земји и економии, на субјектите кои партиципираат и на едната и на другата страна, а во меѓувреме, се разбира, одговорно разгледуваме и други сценарија и можам да кажам дека сите опции се отворени и ништо не е исклучено, изјави Ѓорѓиев.
За причините за воведувањето на оваа мерка од страна на косовските власти, портпаролот на Владата вели дека се чини веројатно дека оваа постапка на Косово е донесена како резултат на условен увоз на брашно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово


