| четврток, 6 декември 2018 |

Канчевска -Милевска се сретна со градоначалникот на Марсеј

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска престојува во Марсеј каде вечерва ќе присуствува на отворањето на изложбата на традиционални носии и накит од Македонија во рамките на македонското претставување на манифестацијата „Марсеј – европска  престолнина на културата“.

За време на престојот во Марсеј, министерката за култура денеска оствари средба со сенаторот и градоначалник на Марсеј, Жан-Клод Годен. На средбата која помина во срдечна и пријателска атмосфера градоначалникот Годен го изрази своето задоволство што се домаќини на Република Македонија во рамките на манифестацијата „Марсеј-европска престолнина на културата“ и истакна дека се целосно отворени за соработка и реализација на повеќе проекти и на културни настани.

03 marsej

Министерката за култура го изрази своето задоволство што традицијата на претставување на македонската култура во европските престолнини на културата по Истанбул, Талин, Марибор оваа година продолжува и во Марсеј. Таа рече дека од големо значење е тоа што Република Македонија се претставува со останатите европски земји и на тој начин дава придонес во  запознавањето и зближувањето на културите на земјите од Европа.

Канческа-Милевска на средбата ја истакна и досегашната одлична соработка со амбасадата на Франција во Македонија како и соработката со Францускиот културен институт, што резултира со многу активности како во Македонија така и во Франција како: Фестивалот на француски филм, Неделата на францускиот филм во Скопје, учество на македонски уметници на Франкофонските игри и др.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top