| четврток, 6 декември 2018 |

Вест Хем им враќа по 25 фунти на навивачите за дресот на Паје

114727-vest-hem-im-vrakja-po-25-funti-na-navivachite-za-dresot-na-paje
Дмитри Паје потпиша за Марсеј во трансфер што чини 25 милиони фунти, а навивачите на Вест Хем си ги бараат парите назад за дресовите со презимето на францускиот репрезентативец што ги платија околу 60 фунти

Дмитри Паје потпиша за Марсеј во трансфер што чини 25 милиони фунти, а навивачите на Вест Хем си ги бараат парите назад за дресовите со презимето на францускиот репрезентативец што ги платија околу 60 фунти.

Раководството на „чеканите“ прифати да им исплати отштета на сите навивачи кои купија дресови, од моментот кога Паје го продолжи договорот со Вест Хем, но во висина од 25 фунти. Англискиот Премиерлигаш со овој гест сака да покаже дека не ги довел свесно во заблуда навивачите и дека покрај сите обиди не успеа да го пишмани Паје да остане во клубот.

Францускиот репрезентативец стафи потпис на новиот договор со Вест Хем и беше миленик на навивачите, но брзо се пишмани и си замина во Марсеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top