Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на САД опен во Њујорк по победата над Михаил Јужњи во 4 сета. Српскиот ас славеше со 6-3,6-2, 3-6, 6-0, а последна пречка на патот кон ново финале на Флешинг Медоуз ќе му биде Станислас Вавринка. Во второто полуфинале Рафаел Надал е фаворит против Ришар Гаске.
Расплетот за титулата почнува денеска со женските полуфиналиња меѓу актуелната шампионка Серена Вилијамс и Ли На, и Викторија Азаренка со Флавија Пенета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.