Дваесет и двегодини независна Македонија, дваесет и две години од создавањето на републиката. Неделникот „Република“ ги запраша лидерите на дел од политички партии како е најдобро да се обединат сите во интерес на перспективата на земјата. Што мислат двете најголеми политички партии, како и двете најмлади партии, кои најавија промени во однос на функционирање на опозицијата во земјава. Албанскиот политички блок не одговори.
Се обидовме од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ГРОМ и Граѓанската Алијанса за позитивна Македонија да го извлечеме позитивното мислење за своите противници, да видиме што им се допаѓа кај оние од спротивната страна, кој нивни потег бил добар кога е во прашање интересот и придобивките за Македонците… Се обидовме, за момент, да ги натераме на своите конкуренти да не гледаат низ призмата на политиката, туку како обични луѓе, без политички контекст.
Им испративме по пет идентични прашања. Еве дел од она што тие го одговорија:
Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија
Кои се најдобрите политички по тези на Вашите политички ривали?
Груевски: Ова е, можеби, најдоброто пра шање на кое треба да одговориме, односно може да се земе како прв чекор кон меѓусебно почитување, а тоа е да се прифати фактотдека како што кај нас на ниво на локална самоуправа има повеќе од 10.000 дела, проекти, и на ниво на централна власт повеќе од две илјади конкретни мер ки, реформи,чекори на ниво на сите сфери, образование, здравство, култура, земјоделство, гранки кадешто во минатото не се вложувал ниту денар, а сега има нова опрема, но и проекти од типот„пациентот на првоместо“, реновирани болници, едукација, стипендии и специјализации во странство за докторите, но и плаќање според сработено то, нови 135 милиони евра субвенции за земјоделците само за оваа година, но и намалени даноци во земјоделството, нова опрема со поволни услови за користење за земјоделците, двојно зголемување на странските инвестиции во споредба со минатото, инвестиции во сите сфери на културата, од книги, театри, па до градби и културно богатство, но и во образованието кадешто само во моментов реновираме 13 училишта, а градиме или доградуваме уште 13 нови, дадовме бесплатни учебни ци, и компјутери, но и воведовме нови програми за учење низ целиот образовен систем по светски терк… Така е факт и дека во Струмица подвозникот што го изгради градоначални кот Заев, навистина, го подобри сообраќајот, новиот плоштад, неговиот современ лик, исто така, и црквата што почна да ја гради, се работи што остануваат за народот, за градовите, за државата, и треба да се поздрават, исто како и одлуката на СДСМ и на нивната коалиција за учеството на последните локални избо ри, што беше исправен политички по тег, или одлуката да влезат во разговори за наоѓање компромис за настаните од 24 декември, но и поддршката што ја даваат на процесот на евроатлански интеграции. Сигурно има и некои други потези, или гестови, кои од нивна страна биле, нависти на, коректни и добри и добро е што може да зборуваме за тоа кој што направил и да го поздравуваме тоа, место да летаат навреди и говор на омраза. И тоа ме носи на почетокот, делата и конкретните чекори се тие што можат да обединат.
Зоран Заев, лидер на СДСМ
Што мислите за политичките ривали, каколичности, без политичкитеконтексти?
Заев: Во стабилни демократии, политичките противници се однесуваат со меѓусебна почит и уважување. Редовно дебатира ат пред јавноста за политичката понуда. Ги штитат државните, а не партиските интереси. По изборните дуели, лутите ривали, во придружба на семејствата, одат на заедничка вечера во пријателска и релаксирана атмосфера. На задоволство на граѓаните и во интерес на меѓусебно подобро запоз навање. За жал, во Македонија власта намет нува односи под мотото „низ нишан те гледам, во срце ти стрелам“.
Љупчо Зиков, Граѓанска алијанса за позитивна Македонија
Како можат да се обединат сите македон ски политичари заинтере сите на граѓаните?
Зиков: Ова е наградно прашање за милион долари! Одговорот се состои во самото прашање. Можат да се обединат само ако зборуваат и дејствуваат во корист на интересите на македонските граѓани. Граѓаните во Македонија денеска има ат многу предизвици и проблеми. Македонското општество се наоѓа на удар на повеќе деструктивни еле менти: тешка економска криза, огромна невработеност, сиромаштија, осиромашување поради еко номската криза, огромна популација се исселува од Македонија (340.000 граѓани за 15 години). Речиси во целиот период на независност на Македонија од 23 години и речиси цел период на транзиција. А велиме дека кризите и транзициите се добри за нов почеток. Но, каков почеток, ако денес забрзано остануваме без основниот потенцијал за развој – луѓето. За што воопшто зборуваме? Затоа, токму овде го гледам огромниот простор и потенцијал за ментално обединување. Здружување на потенцијалите кај македонските партии. Македонците, Албанците и сите други граѓани. Да се надминат себе си и од зоната на дневно политичката де структивна енергија да преминат во просторот каде што треба да се бара македонската иднина. Развојот. Зашто,загубени сме на тој пат…
Стевче Јакимовски, лиер на ГРОМ
Кој чекор на политичкиот противник до нел најмногу придобивки за граѓаните?
Јакимовски: Одговорот на ова прашање треба да го дадат граѓаните.
Целосниот разговор со лидерите на партиите можете да го прочитате во новиот, роденденски број, на неделникот Република кој од денеска (6.9.2013) е во продажба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.