Хилари Клинтон конечно го вратила долгот од нејзината претседателската кампања од 2008 година, со мала помош од човек кој ја победи, Барак Обама, јавуваат американските медиуми. Долг на Клинтон еднаш изнесувал повеќе од 20 милиони долари, а минатата година се намалил на околу 250 илјади долари, информираат медиумите. Намалувањето се случило бидјќи дел од најголемите донаторите на Обама одлучиле да ја изненадат Клинтон, и да и се заблагодарат за нејзината лојалност, со зголемување на доволно пари за да ги плати сметките. Инаку, како државен секретар, според тамошните закони, таа не смее да прибира финансии од политиката.
Според едно лице кое побарало да биде анонимно, биле направени напорите за внатрешна стратегија на прибирање финансиски средства, а идејата била лансирана во април минатата година од страна на Стив Спинер, финансиски претседател за кампањата на Обама во Калифорнија и Џејн Стетсон, поранешена претседателка на Националниот комитет финансии, како и Хенри Муњоз, финансии претседател на ДНЦ. Предизвикот бил голем , бидејќи се барал одреден вид на донатор. Со цел да нема судир со законите за финансирање на кампања, тимот на Обама морал да најде луѓе кои во 2008 година не и дале на Клинтон повеќе од 2300 долари или максимум од вкупните донации за кандидатите во текот на циклусот во 2012 ( 46,200 долари).
Тимот на Обама ги пронашол донаторите со чешелање на евиденцијата на организацијата „Опен сикретс“, и на тој начин откриле кој се уште може да даде пари. На крајот, таа собрала чекови од околу 120 луѓе. Последниот чек пристигнал во почетокот на јули. Клинтон, која се уште не ја затворила формално кампањата, сега дури има и вишок од околу 205 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Надворешниот долг за шест месеци пораснал за речиси милијарда евра
-
Го избламира за сите времиња – Клинтон на НБА меч доживеа непријатност!(видео)


