Приказната за мајката на шестгодишната Александра и нејзината борба да го врати назад нејзиното дете кое поранешниот сопруг и неговата фамилија 2 години ја криеја од неа, денес го доби својот среќен, не крај, туку почеток. Првата средба помеѓу Татјана и нејзината Александра се случила утрово во 1 часот после полноќ.
– Најпрво не сакаше да ме види и да разговара со мене. И кажувале дека сум лоша, подоцна дека сум мртва. Кога ме виде ми рече, „мамо ми рекоа дека си мртва, а ти си била жива – раскажува низ солзи мајката на 6-годишната Александра, Татјана за Курир.
Вистински стрес била нивната средба. Малата Александра не сакала да оди со мајка и, бидејќи мислела дека таа ќе ја украде.
– Многу лошо и зборувале за мене, но морам да кажам дека сум им благодарна до гроб на Центарот за социјална грижа кои по 45 минути разговор со Александра, таа се промени. Околу 3 часот по полноќ дојде кај мене и ми кажа „те сакам мамо, ми зборуваа лошо за тебе“. Вечерта спиевме заедно гушнати сите три, јас Александра и постарата 15 годишна ќерка – додава таа.
Малото девојче се наоѓа во многу лоша здравствена состојба. Има шест убоди од болви, воспаление на левото уво, афти, повеќе од една година не примила вакцина и не била на лекарски преглед. Живеела во ужасни услови.
– Александра времето го поминувала најчесто со стари луѓе и животни. Ја чувале на планини и бачила. Времето го поминувала со животни, спиела со кози. Локацијата ја менувале често, на секои 2-3 недели. Додека патувале, во близина на патарините и викале да се наведне за да не ја забележат полицајците, ја удирале секогаш кога ќе ме споменела, самата се ми раскажа – додава мајката на Александра.
Шест годишното девојче многу ретко се гледала со таткото. Таа од мај до сега воопшто немала контакт со него. Постојано била со бабата и повремено со чичкото кој им носел алишта.
Татјана е децидна, правдата ќе ја бара до крај, како и максимална казна за оние кои ја одделија од ќерката.
Во меѓувреме, ќе се погрижи за нормализирање на здравствена состојба на Александра и надополнување на загубеното време со ќерката.
Извор: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.