Со Герет Бејл или без него не е сеедно за Велс, но Македонија секако ќе оди на победа, на седмиот клвалификациски меч што ќе се игра утре од 19 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Реал Мадрид бара од Велшаните нивниот нов член и најскапиот играч во историјата на фудбалот (100 милиони евра) да не игра во Скопје против Македонија, а Крис Колмен сака неговиот главен адут да настапи против нас. За селекторот на Македонија, Чедомир Јаневски, е сеедно бидејќи целта е победа.
– И со Бејл и без него, нѐ чека тежок натпревар против цврста репрезентација. Велшаните играат агресивен фудбал и имаат квалитет без разлика дали им игра најголемата ѕвезда. Нас не треба да нѐ интересира тој проблем на Велс и мора да одиграме како што замисливмеза да стасаме до посакуваната цел. Имаме квалитет за успех – вели селекторот Јаневски.
Дека не е сеедно, сепак, си признаваат и самите Велшани, а сторијата што беше објавена по победата против Шкотска во тамошните медиуми имаше наслов „80 проценти Бејл и 20 проценти сите останати“. И навистина Герет е срцето и мозокот на репрезентацијата на Велс и ако не игра, ќе биде голем хендикеп за гостите и плус за нас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.