| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува циркусот, ФИБА не знае да одбере ниту потег на денот (видео)

ФИБА е во бунило и очигледните работи што се случуваа на премиерниот ден од Европското првенство во Словенија, ги изврте наопаку. Најпрво Македонија е оштетена од судиите за чист кош, за победа против Црна Гора. Потоа се криеше спорниот момент од финишот на мечот и го немаше на „хајлајтсот“ од натпреварот, презентиран на официјалната страница на ФИБА, а калабалакот на кошаркарските бирократи заврши со изборот на топ 5 најдобри моменти на денот.

Почестите според ФИБА му припаднаа на Германецот Зирбс по асистенцијата на Шафарцик. Тоа е акцијата на денот според ФИБА и не е спорно дека е атрактивна, но е далеку од таа на Шпанците. Серхио Родригез и Руди Фернандез одиграа суператрактивна акција по теркот на НБА, но завршија на втората позиција. Покомплетна акција, поатрактивна, подобра и апсолутно заслужува да биде број 1 потег на денот. Но, стручњаците од ФИБА одлучија поинаку, како што тие сакаат. Погледнете го видеоматеријалот со топ 5 на ФИБА и проценете сами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top